Новиот Спајдермен со Том Холанд и Зендеја, стана филм кој набргу заработи 500 милиони долари на американскиот Бокс офис, а за тоа му требаа само седум дена. Претходниот рекорд го фржеше филмот „Авенџерс: Енд гејм“ од 2019, кому му беа потребни осум дена за да достигне заработка преку 500 милиони долари.
Филмот има огромна гледаност и на пазарите надвор од САД каде што заработи 706 милиони долари и веќе ја надмина заработката од 1,2 милијарди долари, со што за само седум дена стана најуспешен филм на Бокс офисот во 2026.
Ѕвездите Том Холанд и Зендеја играат и во филмот на Кристофер Нолан „Одисеја“ кој викендов се очекува да надмине заработка од милијарда долари.
Слични новости
„Практични Магии 2“ го симна Спајдермен од врвот на Бокс офисот по шест недели
Секвелот „Практични Магии“ со Никол Кидман и Сандра Булок по шест недели го симна Спајдермен од врвот на американскиот Бокс офис, со заработка од 30 милиони долари на американскиот пазар.
Сериите „Widow’s Bay“ и „The Pit“ главни одбитници на Еми наградите
Серијата „Widow’s Bay“ ја освои Еми наградата за најдобра серија во категоријата комедии, додека во категоријата драма за најдобра серија Еми наградата ја доби “The Pit’. За најдобра мини серија Еми нагарадата ја освои „DTF Sent Louis“.
Метју Рајс стана првиот актер кој доби две Еми награди
Велшкиот актер Метју Рајс ја освои Еми наградата за најдобар актер во категоријата лимитирана серија за мини серијата „Ѕверот во мене“, а истата вечер ја доби наградата и за најдобар актер во категоријата комична серија за неговата улога во „ Widow’s Bay“.


