Со четириесет дена исполнети со музика, театар, балет и џез, фестивалот „Охридско лето“ и ова лето ја потврди својата позиција како еден од најзначајните културни настани во земјава и препознатлива европска фестивалска сцена.
Шеесет и шестото издание донесе исклучително богата програма, врвни уметници од повеќе земји, полни концертни простори и публика која со своето присуство и аплаузи покажа дека Охрид повторно живее со уметноста.
Годинашното издание понуди 48 фестивалски настани, музички концерти, театарски претстави, џез и балетска вечери, со учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји.
Слични новости
Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар
Стално го напињав зошто не свири професионално со таков талент. Еднаш ми рече : „Саки се уморив да се бркам. Ја бркав ритам машината на Кики у Бастион, а после го бркав Гаро на бубњеви у Парамециум. А Гаро е бетер од ритам машина“.
