Со изведбата на современиот македонски мјузикл „Као какао“, работен по текст и драматургија на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски, вечерва на „Долни Сарај“ свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.
„Као какао“ е мелодрамска љубовна приказна сместена во 70-тите години на минатиот век, која преку љубовта, амбицијата и стремежот кон слобода ја следи генерацијата соочена со притисоците, стереотипите и ограничувањата на времето во кое живее.
Музиката на Влатко Стефановски е централен двигател на мјузиклот, кој обединува голем актерски ансамбл и сценски израз исполнет со љубов, бунт и стремеж кон остварување на сопствените соништа.
66-тото издание на „Охридско лето“ во текот на 40 фестивалски дена понуди разновидна програма со вкупно 48 настани, во кои учествуваа повеќе од 700 уметници од 24 земји од Европа и светот.
Слични новости
Метју Рајс стана првиот актер кој доби две Еми награди
Велшкиот актер Метју Рајс ја освои Еми наградата за најдобар актер во категоријата лимитирана серија за мини серијата „Ѕверот во мене“, а истата вечер ја доби наградата и за најдобар актер во категоријата комична серија за неговата улога во „ Widow’s Bay“.
Ноќеска во Лос Анџелес ќе се доделуваат Еми наградите
Церемонијата на доделувањето на наградите Еми ќе се одржи ноќеска во театарот Пикок во центарот на Лос Анџелес, а церемонијата ќе ја води ѕвездата на серијата „Закон и ред“ Мариска Харгитај.
Новиот Спајдермен викендов се очекува да стане филм со најголема заработка во историјата на Американскиот Бокс офис
Првото место сеуште го зазема филмот „Стар Ворс Епизода 7 – Будењето на силата“ кој во 2015 заработи 936 милиони долари на американскиот пазар. Новиот Спадјдермен би можел да ја надмине оваа бројка уште овој викенд.


