Министерството за надворешни работи информира дека, заклучно со денес, во рамки на процесот на евакуација, во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби се евидентирани 505 македонски државјани, од кои 458 престојуваат во Обединетите Арапски Емирати. Дополнително, 31 лице се пријавени од Кувајт, а 14 лица од Бахреин. Во Доха, заклучно со денес, се евидентирани 141 македонски државјанин.

Лицата кои изразија подготвеност за евакуација од Израел се очекува во попладневните часови со владиниот авион да полетаат кон Скопје. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани кои побараа извлекување од Израел, соопшти МНР.

Во следните денови се очекува да започне реализацијата на враќањето на македонските државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните кои се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт, за кои е предвидено враќање со организирани летови преку Кралството Саудиска Арабија.

 

Слични новости

Се зголемува поддршката за членство во ЕУ, повторно е над 70 проценти

Се зголемува поддршката за членство во ЕУ, повторно е над 70 проценти

Драстично зголемување на поддршката има кај етничките Македонци од дури 15 проценти, а таква промена е забележана и кај поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, па од 43 проценти во 2023, доколку утре има гласање за влез во ЕУ, „за“ би гласале 70 проценти од нив.