Министерството за надворешни работи информира дека, заклучно со денес, во рамки на процесот на евакуација, во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби се евидентирани 505 македонски државјани, од кои 458 престојуваат во Обединетите Арапски Емирати. Дополнително, 31 лице се пријавени од Кувајт, а 14 лица од Бахреин. Во Доха, заклучно со денес, се евидентирани 141 македонски државјанин.
Лицата кои изразија подготвеност за евакуација од Израел се очекува во попладневните часови со владиниот авион да полетаат кон Скопје. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани кои побараа извлекување од Израел, соопшти МНР.
Во следните денови се очекува да започне реализацијата на враќањето на македонските државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните кои се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт, за кои е предвидено враќање со организирани летови преку Кралството Саудиска Арабија.
Слични новости
МВР упаси повеќе лица, меѓу кои и доктори на скопските клиники за незаконски увоз на медицински материјали за естетика
По вчерашните претреси и апсења во Скопје, Битола и Струмица во врска со незаконски увоз на медицински материјали за естетика -ботокси и филери, Обвинителството и Министерството за внатрешни работи и денеска продолжуваат со претресите на повеќе локации.
Несреќа на градилиште во Кисела Вода, затрупани работници
Според првични информации од очевидци, има најмалку една жртва. Екипите на Итната медицинска помош се обиделе да извршат реанимација на едно од затрупаните лица, но без успех.
Кривичен суд одреди притвор од 30 дена за екс претседателот на ФФМ Сејдини
Кривичниот суд му определи притвор од 30 дена на екс претседателот на ФФМ Муамед Сејдини. Обвинителството бараше притвор за поранешниот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија поради “опасност од бегство и оправдан страв дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците”.


