Министерството за надворешни работи информира дека, заклучно со денес, во рамки на процесот на евакуација, во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби се евидентирани 505 македонски државјани, од кои 458 престојуваат во Обединетите Арапски Емирати. Дополнително, 31 лице се пријавени од Кувајт, а 14 лица од Бахреин. Во Доха, заклучно со денес, се евидентирани 141 македонски државјанин.

Лицата кои изразија подготвеност за евакуација од Израел се очекува во попладневните часови со владиниот авион да полетаат кон Скопје. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани кои побараа извлекување од Израел, соопшти МНР.

Во следните денови се очекува да започне реализацијата на враќањето на македонските државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните кои се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт, за кои е предвидено враќање со организирани летови преку Кралството Саудиска Арабија.

 

Слични новости

Макпетрол ќе продава поевтини бензини и дизел за два денара по литар од цената што ја соопшти РКЕ

Макпетрол ќе продава поевтини бензини и дизел за два денара по литар од цената што ја соопшти РКЕ

Малопродажните цени на горивата на бензинските станици ќе се продаваат со намалена цена од 2 денaра за литар за Еуросупер БС-95 и за Еуросупер БС-98 во однос на малопродажните цени објавени од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), соопшти АД Макпетрол.