Министерството за надворешни работи информира дека, заклучно со денес, во рамки на процесот на евакуација, во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби се евидентирани 505 македонски државјани, од кои 458 престојуваат во Обединетите Арапски Емирати. Дополнително, 31 лице се пријавени од Кувајт, а 14 лица од Бахреин. Во Доха, заклучно со денес, се евидентирани 141 македонски државјанин.
Лицата кои изразија подготвеност за евакуација од Израел се очекува во попладневните часови со владиниот авион да полетаат кон Скопје. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани кои побараа извлекување од Израел, соопшти МНР.
Во следните денови се очекува да започне реализацијата на враќањето на македонските државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните кои се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт, за кои е предвидено враќање со организирани летови преку Кралството Саудиска Арабија.
Слични новости
Сејф сити: драстичен пад на минувањето на црвено светло во март
Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на црвено светло констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68.2% во споредба со месец февруари.
Продолжува судењето за Стојанче Јовановски
Денеска продолжува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела поврзани со семејно насилство и трагичната смрт на неговата сопруга Ивана Стојаноска и нивната 6-годишна ќерка. Случајот се однесува на настанот од 2 март, кога мајката и детето скокнаа од стан во скопската населба Тафталиџе.
Синот кој го убил таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие трагите од делото
Обвинителството денеска соопшти дека 33-годишникот кој беше лишен од слобода, се обидел максимално да ги прикрие трагите од злосторството. Планот му пропаднал откако анонимна пријава од странски број ја донела полицијата на неговата врата.


