Министрите за надворешни работи на земјите членки на Г7 денеска и утре во Париз ќе имаат состанок на кој Блискиот исток повторно ќе биде централно прашање, со посебен фокус на поморската безбедност, Ормутскиот теснец и енергетските предизвици.

На самитот ќе присуствува и американскиот државен секретар Марк Рубио, пренесе Фигаро, а на самитот се повикани и министрите за надворешни работи на Бразил, Египет, саудиска Арабија и Украина.  

Дводневниот состанок ќе биде одржан во Ке Д’Орсеј седиштето на француското министерство за надворешни работи.

Се очекува европските лидери да настојуваат да го проценат влијанието на изборите од половина од мандатот на поддршката на САД за УКраина, политиката кон Русија и дебатата за стратегиска автономија на Европа.

Слични новости

Дачиќ прогласи „црвено ниво на терористичка закана“ во Србија по нападот врз израелската амбасада во Белград

Дачиќ прогласи „црвено ниво на терористичка закана“ во Србија по нападот врз израелската амбасада во Белград

Се претпоставува дека, младиот човек кој е осомничен за нападот врз израелската амбасада во Белград е од Шабац, а според Министерството за внатрешни работи, тој го нападнал припадникот на Жандармеријата со два ножа, извикувајќи „Алаху Акбар“.