Сопствениците на бензински пумпи на Лукоил во САД се соочуваат со сериозни проблеми поради санкциите што и ги наметна администрацијата на претседателот Доналд Трамп на руската нафтена компанија Лукоил.
Санкциите кои се дел од поширокиот напор да се оневозможи финансирањето на војната во Украина, предизвикаа банкрот или сериозни потешкотии за многубројни мали претприемачи, кои управуваат со бензински пумпи под брендот на Лукоил, пишува Блумберг.
Иако овие пумпи привремено се изземени од санкциите, многу од пумпите се принудени да работат само со кеш, затоа што им се забранети трансакциски сервиси со банките и компаниите за платежни картички, што им создаде непремостливи проблеми.
Слични новости
Европските берзански индекси во пораст
Европските берзански индекси денеска се главно во пораст, откако беше продолжен позитивниот тренд од петокот
Антонио Гутереш повика на економски пресврт и напуштањето на БДП како главна мерка на пресметка на успехот
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека сегашните економски модели го наградуваат загадувањето и трошењето на ресурсите и водат кон еколошка катастрофа.
Продажбаата на кинеската кукла Лабубу надмина 100 милиони во 2025
Аналитичарите истакнуваат дека овие резултати означуваат клучна промена во кинеската економија затоа што фокусот се поместува од традиционалната етикета „прозведено во Кина“ на модерната „креирано во Кина“.


