Рокот за определување на притвор за првообвинетиот за трагедијата во кочански Пулс Дејан ЈОванов истекува во петок и после 3-ти октомври нема законска можност за ново продолжување на притворот по што обвинителството смее да побара поблаги мерки за обезбедување.

Од обвинителството велат дека јавноста ќе биде известена кога ќе биде донесена одлука за тоа какви мерки на обезбедување ќе се побараат.

Одбраната на обвинетиот  понуди и гаранција во имот како дополнителна потврда дека тој нема да бега. Но, додека рокот истекува, во моментот не може да има никаква судска одлука бидејќи предметот е во Обвинителството.

На брифингот претседателката на скопскиот Кривичен суд Даниела Димовска соопшти дека досега на судскиот процес за кочански Пулс имало 49 рочишта, а ниту едно не било одложено како што често се случува во големите судски предмети или кога обвинети се функционери за злоупотреби.

Завршено е изведувањето на докази на обвинителството, а од утре ќе почнат доказите на одбраната на 34 обвинети.

Слични новости

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ побара итна оставка од Тошковски, наведувајќи дека тој треба да понесе одговорност поради низата скандали. Од партијата бараат да се утврди кој сè е вмешан во случајот и сите одговорни да сносат последици.