Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето засилен ветер од северен правец од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Како што најавува УХМР, следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во првите денови од следната седмица наместа ќе се спуштат до -10 степени.
Слични новости
Трендафилов: За нивните плати функционерите ги боли
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, реагираше на ставовите на Владата дека барањето за намалување на функционерските плати е политиканство и неуставно.
Македонија на зимските олимписки игри со четворица претставници
Вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. Главната церемонија на свеченото отворање ќе почне вечерва во 20 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.
Во вчерашната акција на полицијата неофицијално запленети 27 тони марихуана
Во центарот на истрагата е компанијата „Алфафарм“ ДОО Скопје, основана во 2023 година и лиценцирана за медицински канабис во 2024 година.


