По два месецa од конституирањето, Советот на Општина Струга сѐ уште не може да избере претседател, известува охридската ТВМ.

Поради тоа, Советот е нефункционален во делот на раководење и усвојување одлуки, бидејќи формално нема лице кое може да ги води седниците и да ја координира работата на ова тело, нагласува новинарската Соња Рилковска

Градоначалникот предупредува дека доколку продолжи бојкотот, можно е распишување нови избори.

„Доколку опозицијата продолжи со блокирање и методи кои го парализираат Советот, а кога ќе се исполнат законските услови, ќе се организираат предвремени избори за Советот на Општина Струга, за граѓаните да дадат заслужен одговор на ваквите политики. Заврши времето на блокадите и политиките од кои корист имаат само одредени поединци. Општина Струга ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните”, изјави градоначалникот Менди Ќира.

Тој обвини дека советниците од НАИ, СДСМ и поранешниот градоначалник Рамиз Мерко формирале, како што рече, тајна коалиција со цел да се парализира работата на општината и реализацијата на проектите.

globe

Слични новости

„Стоп за Усје“ ја обвини општина Кисела вода дека намерно крие колку загадува Усје

„Стоп за Усје“ ја обвини општина Кисела вода дека намерно крие колку загадува Усје

Граѓанската иницијатива одржа прес-конференција пред Општина Кисела Вода, посочувајќи дека од Општината добиле лажни информации во врска со мерната станица која Општината ја постави во Усје.

ССМ со блокада на Владата бара поддршка за предлогот 600 евра минималец

ССМ со блокада на Владата бара поддршка за предлогот 600 евра минималец

Нова блокадата и нов протест пред генерален штрајк. Сојузот на синдикатите на Македонија денеска во 11 часот ги блокира вратите на Владата со исто барање, поддршка за предлогот за 600 евра минималец и сто евра раст на останатите плати