Советот на Град Скопје донесе заклучоци синоќа со кои бара од министерството за животна средина да се испита работењето на Усје и сите големи индустриски загадувачи.
Се задолжува и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓоргиевски да се обрати до владата за да го разгледа начинот за дислокација на Усје и сите големи индустриски загадувачи надвор од скопската котлина.
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ вчера ја реализира најавената блокада во 18 часот на крстосницата помеѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје. Од иницијативата велат дека протестот е одговор на долгогодишното жртвување на јавното здравје на граѓаните во корист на профитни интереси.
Тие бараат итна реакција од надлежните институции, прекин на користењето на увозен отпад и дислокација на цементарницата од населена средина.
Демонстрантите симболично поставија пехар со натпис „Трујач на годината – Усје“, а дел од нив носеа заштитни маски и гас-маски, укажувајќи на сериозноста на проблемот.
Слични новости
СДСМ: Владата планира да потроши 100 милиони евра за нов авион
СДСМ ја обвини Владата дека планира да потроши околу 100 милиони евра за набавка на нов владин авион, наместо средствата да се насочат кон зголемување на платите
Панчевски најави кривична пријава за членовите на Советот на обвинители, откако беше дисквалификуван за функцијата Јавен обвинител
Откако не влезе во трката за Државен јавен обвинител и не доби зелено светло од Советот на јавни обвинители, кандидатот Владимир Панчевски, преку соопштение на Фејсбук напиша дека ќе им поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба на членовите на Советот.
Нино Васев останува во притвор
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи во случајот „Онкологија 2“, иако беа понудени имотни гаранции од над 350.000 евра.


