Мирјана Стеваноска, советничка на ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп денеска соопшти дека ја напушта владејачката коалиција.

Taa најави дека ќе дејствува независно, а за одлуката кажа дека ја донела „водејќи се од најдобриот интерес на граѓаните на Прилеп“. Стевановска беше носител на советничката листа на ЗНАМ на последните локални избори.

Пред советниците рече дека довербата од граѓаните, е обврска која што не смее да биде изневерена и дека не прифаќа да биде декор во нечиј политички театар.

Минатата недела и пратеникот на ЗНАМ Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ

 

Слични новости

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека одржал работна средба со претставници на најголемите маркети во државата. Една од целите со која сите се согласиле е годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени производи да биде под 3%.