На денешната седница на Собранието на дневен ред е предлогот Ненад Савески за нов државен јавен обвинител.

Савески, кој моментно е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, Владата го предложи за државен јавен обвинител пред една недела, а за негов избор потребни му се најмалку 61 пратенички глас.

Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, а по спроведената постапка, во која учествуваа петмина кандидати.

Од експертските и меѓународните ангажмани во биографијата на судијата Савески е наведено дека бил експерт во проекти на Советот на Европа, ОБСЕ и УСАИД. Тој е роден 1976 година, живее во Гостивар и е магистер по правни науки – казнено право.

 

Слични новости

ВМРО и СДСМ меѓусебно се обвинуваат за аферата со шверцот на 5 тони марихуана

СДСМ соопшти дека одговорноста за нарко скандалот со пет тони дрога и за запленетата марихуана е во врвот на власта. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче.