Во Велика Британија денеска втор ден по ред е соборен рекордот за највисока температура било кога измерена во јуни, откако во Јеовилтаун на југозападот од Англија беа забележани 36,4 сперени целзиусови, соопшти британската метеоролошка служба Мет офис.

Со ова е соборен рекордот што еден ден порано беше поставен во Госпорт каде што беа измерени 36,1 степени, пренесе Скај њуз.

Досегашниот рекорд за највисока јунска температура во Велика Британија изнесуваше 35,6 степени Целзиусови и беше во сила речиси 50 години, а беше забележан во Саутемптон 1976.

Слични новости

„Одисеја“ на Кристофер Нолан ја надмина бројката од 300 милиони заработка за само 5 дена прикажување

„Одисеја“ на Кристофер Нолан ја надмина бројката од 300 милиони заработка за само 5 дена прикажување

Акцискиот спектакл на Кристофер Нолан „Одисеја“ сниман со 70 милиметарски камери кој се прикажува и во Ајмакс кината ширум светот, продолжува да соборува рекорди. Филмот за пет дена прикажување веќе има заработка од 304 милиони долари, а 22 милиони долари заработи само во вторникот во САД.

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Забранет пристап до социјалните мрежи за деца до 15 години воведува Франција од јануари откако го донесе законот. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст.