Апелација ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Талир 2“. Со одлуката ВМРО-ДПМНЕ го задржува партиското седиште проценето на 14 милиони евра, како и друг имот вреден околу два милиони евра.
Апелацискиот суд ја одби жалбата на обвинителството оценувајќи дека не било докажано дека ГП „Бетон“ при склучувањето на договорите со партијата вршел јавни услуги и дека постоела законска забрана за донирање.
Пред три години Груевски првостепено беше осуден на шест години затвор, а беше наложена и конфискација на партискиот имот. Таа пресуда апелација ја укина по измените на кривичниот законик, по што судењето почна одново.
За Кирил Божиновски во меѓувреме делото застаре.
Слични новости
ЕК предлага отварање на преговарачките кластери за земјите кандидати со квалификувано мнозинство
Предлогот за поинакво гласање не ја отстранува обврската Македонија да ги спроведе договорените уставни измени. Во заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година, одржувањето на следната меѓувладина конференција е врзано за исполнувањето на таа обврска, која го опфаќа и внесувањето на Бугарите во Уставот.
Стопанската комора бара да се намали бројот на неработни денови
Комората има подготвено и компаративна анализа за бројот на неработни денови во други земји, како аргумент дека во Македонија се претерува со бројот на неработни денови, на сметка бизнис продуктивноста.
Порастот на цената на енергентите на светските пазари ќе се рефлектира врз цената на парното во Македонија
Кога во јули се пресметувала новата цена на парното, природниот гас бил калкулиран по околу 40 евра за мегават-час. Денес берзанските цени се движат над 70 евра, а во одредени периоди достигнувале и околу 80 евра.


