Во Франција е покрената добротворна лотарија во која учесниците за цена од 100 евра потикет, може да освојат слика од Пабло Пикасо, објавија организаторите. Делото на прославениот шпански сликар ќе биде доделено на извлекувањето во аукциската куќа Кристи во Париз.
Станува збор за добротворен настан, а приходите одат во истражувања врзани за Алцхајмеровата болест. Организаторот соопшти дека бројот на тикети е ограничен на 120 000, а ако се распродадат тие би можеле да донесат приход од 12 милиони евра.
Ова е трет ваков настан на кој делод од Пикасо се доделува по пат на лотарија. Претходно вакви настани беа одржани во 2013 и 2020, а добитниците беа од САД и Италија.
Слични новости
Кинезите прават залихи на кондоми поради најавеното поскапување
Предупредувањето за можен раст на цената на кондомите стана вирално во Кина што предизвика дебтаи во социјалните медиуми, а населението почна да прави залихи.
Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон
За утре е закажана официјалната премиера на биопикот за кралот на попот Мајкл Џексон „Мајкл“,а на социјалните медиуми веќе почна лудилото дека кралот на попот се вратил. Филмот ќе биде достапен низ кино салите ширум светот од 24 април.
Најславниот цртан губитник „Којотот“ ја тужи корпорацијата „Акме“
Омилениот цртан јунак сега ја напушта пустината и влегува во судница во долгоочекуваниот филмски хит „Којотот против системот“ кој треба да ја има премиерата во август.


