Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Според прогнозата на УХМР, пообилни врнежи се очекуваат кон средината на следната седмица. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
-Температурите ќе бидат во пораст, особено утринските, кои насекаде ќе бидат позитивни, информира УХМР.
Слични новости
Премиерот Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Брисел
Делегацијата на Мицкоски ја сочинуваат партискиот генерален секретар, Драган Ковачки, и членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски. Тие ќе присуствуваат и на свеченоста со која Европската народна партија ќе ја одбележи 50-годишнината од своето постоење
Заврши евакуацијата на македонски државјани од Блискиот исток, вратени се 605 дома
Министерството за надворешни работи информира дека, заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток, кои до овој момент беа пријавени и изразија подготвеност за евакуација.
Собранието денеска ќе избира нов јавен обвинител
Савески, кој моментно е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, Владата го предложи за државен јавен обвинител пред една недела, а за негов избор потребни му се најмалку 61 пратенички глас.


