Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 70 km/h). Температурите ќе бидат во интервал од 5 до 21 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во петок кон крајот на денот, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени.

 

Слични новости

Премиерот Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Брисел

Премиерот Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Брисел

Делегацијата на Мицкоски ја сочинуваат партискиот генерален секретар, Драган Ковачки, и членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски. Тие ќе присуствуваат и на свеченоста со која Европската народна партија ќе ја одбележи 50-годишнината од своето постоење