Фудбалерот на Наполи Скот Мектоминеј успешно е опериран, откако без поголеми проблеми беше извршена хируршка интервенција на неговото срце, со што е отстранета аритмијата која ја доживуваше последните недели.
Како што објави Наполи Мектоминеј го чека одмор од две недели, а италијанскиот клуб се надева Мектоминеј повторно да заигра на 10 октомври во Серија А против Фросиноне.
Во меѓувреме Наполи вечерва игра против Арсенал на стартот од Лигата на шампионите во првиот меѓусебен дуел на овие две екипи по шест години.
Слични новости
Прва победа на шампионот Њујорк Никс по првите три пораза на стартот од сезоната
Њујорк ја забележа првата победа во новата сезона од НБА лигата со победата против Детроит од 111:97. Доминираше Карл Ентони Таунс со 27 коша и 20 скокови, а Џејлен Бронсон постигна 24 кај Њујорк, додека најдобар кај Детороит беше Дурен со 22 коша и 9 скокови.
Лацио, Рома и Комо со нови победи го отворија новото коло во Серија А
Лацио изби на првото место на табелата со убедливата победа од 6:2 против Сасуоло, додека Комо иако губеше во Торино со 1:0 д 24-тата минута на натпреварот, во последните 10 минути од мечот направи преврт и стигна до трите бода со победа од 1:3.
Доаѓа крајот на Мајкл Карик но навивачите на Манчестер јунајтед ја обвинуваат управата на клубот
По поразот од 0:3 на Олд Трафорд од Бурмут, тренерот на Манчестер јунајтед Мајкл Карик со тежок чекор го напушти стадионот свесен дека веројатно тоа беше последниот меч на клупата на Манчестер јунајтед.


