На синоќешните демонстрации во Франција биле уапсени 400 луѓе, од кои 134 во Париз соопшти француското министерство за внатрешни работи. „Фигаро“ пренесува дека на протестите во Франција учествувале над 100.000 луѓе од кои 24.000 во Париз.

Одзивот на протестите беше послаб од оној во минатата недела, иако организаторите тврдат дека на протестите излегле околу 200 000 луѓе. За време на протестите ширум Франција биле повредени околу 50 полицајци.

Управата на париската полиција забрани непријавени собирања и протести во радиус од 100 метри на десет средни училишта и пет универзитети во Париз, од денеска до петок.

Слични новости

Нови напади на Иран врз Бахреин, Хутите во офанзива во Јемен

Нови напади на Иран врз Бахреин, Хутите во офанзива во Јемен

Иранската револуционерна гарда соопшти дека вчера го погодила радарскиот систем во американската хеликоптерска база во Бахреин, додека Американската централна воена команда не ги коментира наводите на Техеран.