Утрово Скопје се гуши во загаден воздух. Според мерењата на швајцарската апликација Ај Кју Ер загаденоста на воздухот утрово во главниот град е со коефициент 102 и во категоријата нездрав.
На светската листа на најзагадени градови во светот Скопје се најде на 26 место. Позагаден главен град во регионот е само Сараево во Босна и Херцеговина кој пак ја зазеде првата позиција на неславната листа.
Од другите градови во земјава од Скопје позагаден е само Струмица со коефициент на загадување од 226. Според мерењата направени утрово во воздухот се регистрирани 35,9 микрограми на метар кубен ПМ2,5 честички и 2,9 микрограми јаглерод моноксид.
Здравствените власти апелираат особено до ранливите категории граѓани поголем дел од денот да го поминуваат во затворени простории особено онаму каде што има прочистувачи на воздухот и да се избегнува подолг престој на отворен простор.
Слични новости
Обвинителството во Хаг побара по 45 години затвор за поранешните лидери на ОВК
Главната обвинителка Ким Вест му предложи на судот да ги осуди Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи по сите 10 точки од обвинението, поради нивниот личен придонес во кривичните дела.
ССМ утре почнува со блокади, најпрвин на парламентот
ССМ бара раст на минималецот на 600 евра, а сите останати плати да се зголемат за најмалку 100 евра. Премиерот пак стои на ставот дека зголемувањето на платите ќе се одвива според законското решение.
Почувствуван земјотрес во Тетово и околината, епицентарот бил во Косово
Синоќа во 23 и 10 е почувствуван земјотрес во Тетово и во околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала


