Најважните американски берзански индекси достигнаа нови рекорди откако американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека САД и Иран би можеле наскоро да постигнат договор за повторно отварање на Ормутскиот теснец.
Индексот на 500-те најсилни американски компании „С&П 500“ порасна за 0,8 насто и достигна нов историски максимум, додека технолошкиот „Насдак“ се засили за 1,4 насто, објави Си Ен Би Си.
Индустрискиот индекс „Дау Џонс“порасна за над 600 поени, односно околу 1,2 насто, исто така на рекордно ниво.
Дополнителен поттик за растот на акциите на берзите дојде и од корпоративниот сектор.
Слични новости
Грција ја намалува задолженоста
Во Министерството за финансии разгледуваат предвремена отплата на речиси 13 милијарди евра од долгот до крајот на годината, наместо планираните девет милијарди евра.
Европските берзи во пад по новиот напад врз брод во Ормутскиот теснец
Европските берзански индекси денеска главно се во пад откако проектил погоди товарен брод во Ормутскиот теснец, што предизвика нови стравувања за пореметување на пазарот на нафтата.
Инвеститорите оптимистични: Подобрена оценката за актуелната ситуација со германската економија
Расположението на германските инвеститори во август порасна на највисоко ниво, покажуваат резултатите на центарот за економски истражувања Лајбниц. Вредноста на индикаторите што ги мерат економските очекувања во иднина за Германија изнесува 34,2 поени, што е раст од 7,9 поени во однос на јули.


