По повеќе од една деценија се појави шестиот филм од франшизата „Скери муви“ кој ја потврда силината на оваа франшиза, освојувајќи го убедливо првото место на американскиот Бокс офис овој викенд со заработка од 55 милиони долари. Надвор од САД филмот заработи 50,5 милиони долари, за отварање со заработка од 105,5 милиони долари.
Зад филмот стојат студијата Парамаунт и Мирамакс, а филмот е во специфичниот културен жанр на хорор-комедија. РЕжисер на филмот е Мајкл Тајдс, а главните улоги ги толкуваат Ана Фарис и Реџина Хол.
На второ место на Бокс офисот е уште една премиера „Господарите на универзумот“кој заработи 29,3 милиони долари, пред хоророт „Опсесија“ кој заработи 25,6 милиони во својата четврта недела од прикажувањето. „Опсесија“ е најуспешниот хорор годинава со заработка од над 200 милиони долари.
Слични новости
Доналд Трамп во лажно видео ги претстави холивудските ѕвезди дека страдаат од „Синдромот на илузија за Трамп“
Во видеото „Доктор Трамп“ ги третира неговите „пациенти“ кои страдаат од измислениот синдром. Потоа во видеото се појавуваат измислени сведоштва на Џулија Робертс, Роберт Де Ниро, Вупи Голдберг, Џон Легуизамо и Едвард Нортон.
Највисокиот суд во ЕУ ја потврди казната на Гугл од 4,1 милијарди евра
Судот на правадата во ЕУ ја отфрли тужбата на компанијата Гугл и ја потврди антимонополската казна од 4,1 милијарди евра што ја изрече Европската комисија поради злоупотреба на доминантната позиција преку оперативниот систем Андроид.
Пештера стара 400.000 години го открива компликуваниот живот на предандерталците
Археолозите во Северн Израел открија пештера која ја користеле преднеандрталските заедници пред околу 400.000 години, а пронајдоците укажуваат на компликуваниот живот на раните луѓе, соопштија денеска истражувачите.


