Скапоцените камења Пиправа, свето парче накит поврзано со Буда, беа изложени првпат во Њу Делхи во саботата по нивното откривање, соопшти индиското Министерство за култура.
„Овој историски настан го означува повторното обединување на моштите на Буда и скапоцените камења Пиправа на Буда, кои се вратени (во земјата) по 127 години“, се вели во соопштението.
Се верува дека повеќе од 300 парчиња скапоцени камења и други орнаменти, кои датираат од 200 година п.н.е., биле погребани со Буда и неговите мошти во спомен градба (ступа) во северна Индија.
Министерството соопшти дека тие, заедно со другите реликвии, се изложени „првпат“ по нивното откривање во 1898 година од страна на британскиот археолог Вилијам Клакстон Пепе во Пиправа, во северната индиска држава Утар Прадеш.
Вкупно таму биле пронајдени речиси 1.800 бисери, рубини, сафири и неколку парчиња злато во различни големини, заедно со делови од скелет коишто, според натписите на пронајдената урна, му припаѓале на самиот основач на будизмот.
Индискиот премиер Нарендра Моди, кој ја отвори изложбата во главниот град, го прогласи за „многу посебен ден за сите почитувачи на историјата, културата и идеалите“ на Буда.
Индија ги доби скапоцените камења во јули откако успешно ја блокираше нивната продажба на аукциската куќа Sotheby’s во Хонгконг во мај, каде што нивната почетна цена изнесуваше повеќе од 1,2 милиони долари.
Продажбата беше откажана по дипломатска интервенција и закана од судска постапка од Делхи. Експертите веруваат дека на аукцијата можеа да достигнат десет пати поголема цена.
Во статија за Sotheby’s, наследникот на археологот Клакстон Пепе вели дека неговиот предок ги донирал своите наоди на индиската влада и задржал само „мал дел“ од нив, кој потоа му бил даден на неговото семејство. Повеќе од еден век, остатокот од вредната колекција бил главно скриен во приватна колекција во Велика Британија.
Но, Њу Делхи веднаш побара извинување и целосно откривање на сите документи за нивното потекло.
Скапоцените камења беа купени од индискиот конгломерат „Godrej Industries Group“ во партнерство со индиската влада. Износот на трансакцијата не беше објавен.
Слични новости
Хоророт „Self help“ и натаму прв на американскиот Бокс Офис
Прв на американскиот Бокс Офис од минатата недела е хоророт „Self help“ на режисерот Ерик Блумквист, со Ленди Бендер и Џејк Вебер во главните улоги.
„Меланија“ стана филм со најголеми разлики околу квалитетот меѓу публиката и критиката
Ротен томејтоус му дава скор од мизерни 6 проценти. Од друга страна публиката што го гледаше филмот (приврзаниците на Трамп) му дадоа на филмот скор од дури 99 проценти.
Нетфликс го најави емитувањето на документарецот „Диносаурусите“ на Стивен Спилберг
Новиот документарец „Диносаурусите“ на Нетфликс е во продукција на Стивен Спилберг, а нарацијата е на Морган Фримен. Визуелните ефекти и анимациите за „Диносаурусите“ ги изработи студиото на Џорџ Лукас


