Американскиот банкарски гигант „Ситигруп“ очекува дека месецов конечно ќе добие одобрение од кинеските регулатори за својата брокерска компанија во Кина. Одлуката би можела да биде донесена пред планираната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Вашингтон каде што ќе има средба со Доналд Трамп.
Ројтерс наведува дека наводното одобрение би претставувало значаен чекор во настојувањето на „Ситигруп“ да го прошири присуството на кинескиот пазар на капитал.
Акодобие дозвола за брокерската компанија „Ситигруп“ би им конкуритрал на големите американски финансиски компании кои веќе имаат дозвола за работа во Кина, како Џ. П. Морган, „Голдман Сакс“ и „Морган Стенли“.
Слични новости
Светската банка прогнозира забрзување на растот на западен Балкан
Според проекциите просечната стапка на раст во Србија, Албанија, Босна, Македонија и Црна Гора ќе достигне до 3,1 насто во 2026, што претставува зголемување од 2,6 насто колку што беше растот во 2025.
Нафтата Брент благо поевтини на 114,9 долари за барел
Цената на нафтата утрово падна за 0,77 насто под 115 долари за барел, а притисокот врз цените по неодамнешниот ценовен шок полека попушта.
Европската комисија го прифати планот на Тему за сузбивање на нелегалните производи
Европската комисија денеска објави дека го прифатила планот на кинеската компанија за интернет трговија Тему за ускладување со Законот за дигитални услуги и сузбивање на достапноста на нелегалните производи на интернет.


