Американскиот банкарски гигант „Ситигруп“ очекува дека месецов конечно ќе добие одобрение од кинеските регулатори за својата брокерска компанија во Кина. Одлуката би можела да биде донесена пред планираната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Вашингтон каде што ќе има средба со Доналд Трамп.

Ројтерс наведува дека наводното одобрение би претставувало значаен чекор во настојувањето на „Ситигруп“ да го прошири присуството на кинескиот пазар на капитал.

Акодобие дозвола за брокерската компанија „Ситигруп“ би им конкуритрал на големите американски финансиски компании кои веќе имаат дозвола за работа во Кина, како Џ. П.  Морган, „Голдман Сакс“ и „Морган Стенли“.

Слични новости

Американските акции паднаа откако ФЕД изрази загриженост поради движењата на инфлацијата

Претседателот на ФЕД изјави дека најновите податоци за индексот на цените на личната потрошувачка и на цените на потрошувачката се нешто подобри од очекувањата, но дека не укажуваат на значително подобрување на инфлаторните трендови.