Обвинителството денеска соопшти дека 33-годишникот кој беше лишен од слобода, се обидел максимално да ги прикрие трагите од злосторството. Планот му пропаднал откако анонимна пријава од странски број ја донела полицијата на неговата врата.

 Oсомничениот ги прикрил трагите, телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб, соопшти денес Јавното Обвинителство кое покренува истрага за сторено убиство при вршење семејно насилство, според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, што воедно предвидува и затвор од најмалку 10 години, а максимум доживотен затвор.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради ризикот од бегство, како и опасноста да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите.

 

Слични новости

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.