Италијанскиот тенисер Јаник Синер денеска во четвртфиналето на Австралија опен го победи Американецот Бен Шелтон со 3:0 во сетови.

Синер направи брејк уште во четвртиот гем и без проблеми го освои првиот сет со 6:3, а успеа да направи по еден брејк и во следните два сета, за убедливи 3:0.

Синер во полуфиналето ќе игра со Новак Ѓоковиќ, кој победи откако Лоренцо Музети мораше да го предаде мечот поради повреда.

Во второто полуфинале играат првиот носител Карлос Алкараз и третиот носител Александар Зверев.

Слични новости

Пеп Гвардиола можен нов селектор на Италија

Пеп Гвардиола можен нов селектор на Италија

Италијанскиот спортски весник „Газета дело спорт“ објавува дека главен кандидат за селектор на фудбласката репрезентација на Италија е менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола.