Цените на танспортот на течен природен гас (ТПГ – ЛНГ) преки трансатлантските рути достигнаа највисоко ниво од август 2024 година поради ограничениот капацитет и поголемата побарувачка пред зимските месеци, соопштија извори од бродарскиот сектор, пренесува Reuters.
Од почетокот на годинава цените на транспортот главно беа ниски, спуштајќи се во февруари на најниското ниво во пет години, бидејќи проширувањето на капацитетите ја надмина побарувачката.
Во јуни, пак, скокнаа на највисокото ниво во осум месец, бидејќи превозниците ставија сопирачки на изнајмувањето бродови за време на конфликтот израелско-иранскиот судир, што значеше и значително пооскудни транспортни капацитети.
Во вторникот цените за возарината на атлантската рута за пловилата со капацитет од 174.000 кубни метри ТПГ беа 61.500 долари дневно, покажаа податоците од агенцијата за проценка на цените „Spark Commodities’.
Во понеделникот тие накратко достигнаа 61.750 долари, нивното највисоко ниво од август 2024 година. Тоа значи дека пораснале за повеќе од 50 отсто од претходниот понеделник.
На пацифичката рута, пак, цените на превозот за истата класа пловила се зголемија за речиси една третина во понеделникот во споредба со почетокот на минатата седмица, достигнувајќи 42.250 долари дневно, што е највисоко ниво од крајот на јуни, покажаа податоците на агенцијата.
Скокот на цените на превозот беше поттикнат, меѓу другото, од доцнењата во истоварувањето на течен природен гас во египетските пристаништа, што индиректно влијаеше и на маршрутите на бродовите, објаснува Стивен Гордон, експерт во компанијата за собирање и анализа на податоците за пловидбите „Clarksons Research“.
Цените на превозот беа зголемени и од сезонското зголемување на побарувачката за течен природен гас пред зимата во Европа и во Јапонија.
„Комуналните претпријатија и трговците складираат залихи пред постудените месеци“, изјави за Reuters брокер за бродски превоз.
Покрај зголемените испораки од САД во Азија, со оглед на честите патувања до источните дестинации и подолгите пловидби, цените се зголемени и од проширувањето на одредени извозни проекти од САД, според Гордон.
„Се чини дека бродовите се помалку достапни на краток рок и малкумина можат да ги исполнат роковите за испорака во ноември на атлантската рута, а овие ограничувања на капацитетот би можеле да го поддржат растот на цените на краток рок и во наредниот период“, забележува аналитичарот на „Clarksons Research“.
Слични новости
Благ раст на европските берзи
На европските берзи, индексите пораснаа во претпладневното тргување во петокот, најмногу благодарение на растот на цените на акциите во рударскиот сектор, додека инвеститорите внимателно чекаат нови податоци за инфлацијата во САД
Доларот зајакна, цените на нафтата паднаа
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо се зголеми во претпладневното тргување во петокот
На Волстрит, индексот S&P порасна, Dow благо падна
На њујоршки Волстрит, индексот Dow Jones малку падна во претпазливото тргување во четвртокот, додека S&P 500 и Nasdaq пораснаа трет ден по ред


