Азиските берзи денеска забележаа силен раст по новите сигнали за можна мировна спогодба на Блискиот исток, додека цените на нафтата паднаа на најниското ниво во последните два месеца.
Цената на американската сирова нафта ВТИ падна за 1.2 насто на 86,69 долари за барел, по падот од 2,6 насто претходниот ден, пренесе Ројтерс.
Нафтата Брент поевтини за 1,1 насто на 89,40 долари за барел, по падот од три проценти претходниот ден.
Во Азија јужнокорејската берза КОСПИ порасна за дури 7,4 насто, јапонскиот Никеи за 2.7 насто, а хонхконшкиот Ханг Сенг порасна за 1,3 насто.
Раст е забележан и на Волстрит каде што трите главни индекси остварија најголеми дневни добивки уште од април.
Слични новости
Србија ги намали акцизите на горивата за 20 проценти
Владата на Србија донесе одлука за привремено намалување на акцизите за гориво поради зголемување на цената на нафтата на светските пазари.
Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина
Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно
Цената на нафтата продолжува нагло да расте
Фјучерсите на референтната нафта „Брент“ поскапеа за 3,14 насто на 90,87 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво од 11-ти јуни. Американската сирова нафта ВТИ поскапе за 2,85 насто на 84,84 долари за барел.


