Најмалку 15 луѓе загинаа во руските напади за време на ноќта врз регионот на Киев. Од нив 11 луѓе го загубија животот кога се урнала станбена зграда како последица на бомбардирањата, соопштија украинските власти. Гувернерот на Киевската област Тимор Ткаченко соопшти дека има и голем број повредени, а дека во тек е акција за спасување на жртвите.

Русија ги засили ударите врз главниот град на Украина во последните шест месеци и се страхува дека претстојната зима ќе биде најтешка за жителите на главниот град на Украина.

Како одговор на нападите Украина ги засили ударите длабоко на руска територија, пред се врз енергетската инфраструктура на Русија.

Слични новости

Три години војна во Газа

Три години војна во Газа

Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.