Бројот на пријавени случаи со грип во македонија е речиси двојно зголемен за само една недела извести Институтот за јавно здравје.

Во периодот од 26 октомври до 1 ноември биле регистрирани 116 случаи на грип и заболувања слични на грип, наспроти 61 претходната недела, што претставува раст од 90,2 проценти.

Институто за јавно здравје предупреди дека Македонија сè уште не го достигнала пикот за сезонска активност на грипот.

Според официјалните податоци, најмногу регистрирани случаи има во Тетово 48 случаи, во Куманово 26, а во Скопје 13.

 

Слични новости

Активни три пожари на отворен простор, а 25 изгаснати во изминатото деноноќие

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи