Американски воен авион за полнење на гориво КС-135 се урна во западен Ирак. Четворица од шестемина членови на екипажот загинаа, а по преостанатите двајца сеуште се трага.

Иран соопшти дека авионот бил соборен од ракети испукани од нивните „фракции на отпорот“. Американската армија соопшти дека се случил инцидент „во пријателски воздушен простор“ и дека во инцидентот учествувале два авиона, од кои едниот се урнал, а другиот безбедно слетал.

Американски извори изјавија дека и вториот авион кој бил вклучен во инцидентот бил КС-135.  Исламскиот отпор во Ирак, група вооружени фракции поддржани од Иран, ја презеде одговорноста за соборувањето на американскиот воен авион.

Слични новости

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.