Американски воен авион за полнење на гориво КС-135 се урна во западен Ирак. Четворица од шестемина членови на екипажот загинаа, а по преостанатите двајца сеуште се трага.
Иран соопшти дека авионот бил соборен од ракети испукани од нивните „фракции на отпорот“. Американската армија соопшти дека се случил инцидент „во пријателски воздушен простор“ и дека во инцидентот учествувале два авиона, од кои едниот се урнал, а другиот безбедно слетал.
Американски извори изјавија дека и вториот авион кој бил вклучен во инцидентот бил КС-135. Исламскиот отпор во Ирак, група вооружени фракции поддржани од Иран, ја презеде одговорноста за соборувањето на американскиот воен авион.
Слични новости
Трамп го отфрла иранскиот предлог
Американски функционер тврди дека Доналд Трамп не е задоволен од предлогот на Иран за прекин на војната, бидејќи не го опфаќа клучното прашање за нуклеарната програма.
Лондон го испраќа кралот за да го ублажи спорот со Вашингтон
Британскиот крал Чарсл Трети допатува во четиридневна посета на САД во државна посета која според оценките на западните медиуми би можела да биде...
Tрамп ги повика назад американските преговарачи со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Fox news рече дека донел одлука американските претставници да не одат на преговорите со Иран....


