Поранешниот извршен директор и сооснивач на Енвидија Џејсон Хуанг разговарал со блиските пријатели за можноста да се врати на чело на компанијата, само неколку дена откако поднесе оставка поради извештаите за љубовни афери, пишува „Фајненшал тајмс“.

Хуанг ја разгледува можноста да се врати во компанијата додека Управниот одбор на Енвидија спроведува независна истрага за неговото однесување кое предизвика сериозна криза во раководењето со компанијата чија пазарна вредност се проценува на 4 билиони долари.

Група раководители од Силициумската долина формира кризен штаб за да лобира за враќање на Џејсон Хуанг во Енвидија, а тие најавија дека ќе лобираат за таква одлука и во Белата куќа.

Сепак, како што пишува Фајненшал тајмс, иницијативата би можела да наиде на противење на влијателни официјални лица во Вашингтон. Американскиот министер за финансии Скот Бесент во неделата повика на „драматични промени“ во раководството на Енвидија по заминувањето на Хуанг.

Љубовната врска на првиот човек на Енвидија со Алис Хуанг, директорката на сингапурската компанија „Мегаспид“ дополнително го засили надзорот врз мерките на ускладеност на работењето на Енвидија со прописите за продажба на чипови за вештачка интелигенција на купувачите во Азија кои би можеле да имаат врска со Кина.

Слични новости

Рускиот дизел сепак не стигнува до Америка

Рускиот дизел сепак не стигнува до Америка

Третиот танкер со руски дизел го смени курсот и се откажа од пловидбата кон САД, со што е доведено во прашање испораката на горивото договорена меѓу претседателите на САД и Русија Доналд Трамп и Владимир Путин.

Мицкоски: „Алта банка“ Србија ја купи Стопанска банка Битола од приватни акционери, не од државата

Мицкоски: „Алта банка“ Србија ја купи Стопанска банка Битола од приватни акционери, не од државата

Комисијата за финансирање и буџет ја почна надзорната расправа за Алта банка, на која треба да се разгледаат околностите што довеле до воведување администрација во банката, а како прв сведок пред комисијата зборуваше премиерот Мицкоски.