Бројот на дизел возила во Европската Унија (ЕУ) во изминатата деценија се намалил за 67 отсто, за разлика од оние на бензински и електричен погон кои бележат раст, објави Еуростат.

Огромен раст од 45 пати бележат електричните возила. Во 2014 година нивниот број бил само 0,3 отсто од регистрираните возила во ЕУ, додека во 2024 е зголемен на 13,9 проценти.

Раст од 13 отсто има и кај возилата што користат други алтернативни горива – течен нафтен гас, природен гас, водород и горивни ќелии, биоетанол, биодизел, биогориво и друго.

 

Слични новости

Криза за гориво на европските аеродроми

Криза за гориво на европските аеродроми

На европските аеродроми им се заканува системски недостиг од авионско гориво доколку Ормускиот теснец во наредните три недели целосно не се отвори за сообраќај, предупреди авио-индустријата.