На повеќето бензински пумпи во Македонија нема дизел гориво, а на бензинските пумпи на Лукоил доколку најдете дизел гориво, има ограничување на точење.
Компанијата „Луколил Македонија“ веќе објави известување со кое се воведува привремено ограничување на продажбата на дизел гориво – Евро дизел БС и ЕКТО дизел – за камиони, трактори и автобуси, на максимум 50 литри по возило. Мерката не се однесува на возила кои точат гориво според склучени договори со компанијата.
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски рече дека во пограничните делови има зголемена побарувачка на граѓани од соседството затоашто во Македонија горивата се поевтини за 40-50 насто.
Премиерот порача и дека владата е подготвена да интервенира, ако поради светските случувања дојде до енормен скок на цените на горивата.
Слични новости
Следува период на променливо и постудено време
Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени.
Пратениците ќе одлучуваат за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
Собранието денеска треба да одлучува за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика за која функција предлог-кандидат е Ацо Ристов на местото на поранешниот Марко Бислимоски.
Од полноќ дизелот поскапува на 98 денари, а еуросуперот БС-95 поевтинува на 83,5 денари
Во формирањето на новите цени влијание имале одлуките на Владата за намалување на акцизите и за повластената даночна стапка за одредени енергенти.


