Регулаторната комисија за енергетика денеска попладне ќе донесе нова одлука за цените на бензинот и дизелот во Македонија. Новите цени обично се соопштуваат околу пладне и стапуваат на сила од полноќ.

Минатата недела беше забележано значително поскапување: бензините поскапеа за околу 5 денари по литар, а дизелот за 14,5 денари.

Цените на нафтата нагло пораснаа минатата недела, втора по ред, бидејќи кризата на Блискиот Исток го спречи извозот на нафта преку Ормутскиот теснец, па во двете недели од нападот на САД и Израел врз Иран, цените скокнаа за повеќе од 40 проценти.

Слични новости

Николоски: Воведени се 23 нови директни линии од аеродромите

Преку охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, а оваа година скопскиот аеродром очекувам да биде лидер во регионот со раст и да надминеме 4 милиони патници“, изјави министерот за транспорт Александар Николоски.