Утрово, со една минута молк, точно во 2 часот и 32 минути, моментот што засекогаш го промени Кочани, беше оддадена почит на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс”.

– Да застанеме заедно во тишина за нашите 63 ангели. Нека светлината сведочи дека не забораваме. Нека тишината зборува за љубовта што останува, посочија од здружението на граѓани „16 Март 2025″ кои го организираа собирот пред дискотеката.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес присуствуваше на Молитвата за упокоените жртви од трагедијата во дискотеката Пулс, која се одржа во Паркот на Револуцијата во Кочани. По завршувањето на молитвата, Мицкоски се потпиша во книгата на жалост и се поздрави со родителите и семејствата на загинатите.

 

Слични новости

СДСМ денеска одржува Конгрес

Првиот човек на сдсм, Венко Филипче смета дека поранешни членови на партијата и функционери одработувале за власта и наместо да се занимаваат со, како што рече, лошите политики на актуелната влада, тие пак и натаму се занимаваат со СДСМ.