Утрово, со една минута молк, точно во 2 часот и 32 минути, моментот што засекогаш го промени Кочани, беше оддадена почит на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс”.
– Да застанеме заедно во тишина за нашите 63 ангели. Нека светлината сведочи дека не забораваме. Нека тишината зборува за љубовта што останува, посочија од здружението на граѓани „16 Март 2025″ кои го организираа собирот пред дискотеката.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес присуствуваше на Молитвата за упокоените жртви од трагедијата во дискотеката Пулс, која се одржа во Паркот на Револуцијата во Кочани. По завршувањето на молитвата, Мицкоски се потпиша во книгата на жалост и се поздрави со родителите и семејствата на загинатите.
Слични новости
Премиерот Мицкоски смета дека нема потреба од прогласување кризна состојба
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба поради порастот на цените на горивата.
Продолжува судењето за случајот „Пулс“
Во судницата во Идризово денеска ново рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Се очекува поскапување на дизелот во Македонија кој главно го нема
На повеќето бензински пумпи во Македонија нема дизел гориво, а на бензинските пумпи на Лукоил доколку најдете дизел гориво, има ограничување на точење.


