Холивудските критичари дадоа многу слаби оценки за новата серија на гај Ричи „Младиот Шерлок“ која се емитува на Амазон. Хироу Фајнс Тифин го игра 10-годишниот Шерлок Холмс, а Донал Фин го игра неговиот смртен непријател Џејмс Мориарти. Во серијата играат и Колин Фирт и Џозеф фајнс.

Критиката ја оцени серијата како „глупава“, иако Гај Ричи се трудел да биде забавна.

Холивуд Рипортер оценува дека ликот на Шерлок кој го прикажува Гај Ричи, заснован врз книгите на Ендрју Лејн, речиси и да нема допирни точки со ликот на славниот детектив од романите на Артур Конан Дојл кои 140 години придонесуваат за популарноста на Шерлок Холмс.  

 

Слични новости

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.