Британската кратка серија „Адолесценција“ за еден месец прикажување стана четврта најгледана британска серија во историјата на стримерот Нетфликс. Адолесценција минатата недела ги надмина по гледаност првите три сезони на „Бриџертон“, „Даминиот Гамбит“ и „Ноќниот агент“.

„Адолесценција“ ја имаше премиерата пред еден месец и веќе ја надмина бројката од 114 милиони гледачи. Минатата недела серијата беше првопласирана на Нетфликс според гледаност со 17,8 милиони гледачи.

„Адолесценција“ ја раскажува приказната за растурање на едно семејство откако нивниот син ќе биде уапсен за убиство на негова соученичка во основно учулиште, а главната улога ја толкува Стивен Грахам. Карактеристика на серијата е дека се снима во еден кадар.  

Слични новости

Почина Фредерик Форсајт, авторот на бестселерот „Операција шакал“

Почина Фредерик Форсајт, авторот на бестселерот „Операција шакал“

Поранешен дописник за Reuters и BBC и доушник на британската разузнавачка агенција MI6, се прослави користејќи го своето новинарско искуство во Париз за да ја напише приказната за неуспешниот заговор за атентат врз генералот Шарл де Гол