Арсенал е шампион на Премир лигата. На ова фановите на Арсенал чекаа цели 22 години. Сопствениците на Арсенал решија да го оврзат кесето и да ги наградат фудбалерите за титулата.

Секој играч на Арсенал ќе добие бонус од 6.000 фунти по натпревар, а надобро ќе поминат Давид Раја и Мартин Зубименди кои ќе заработат по 228 илјади фунти.

Играчите на Арсенал може да добијат уште еден бонус, доколку ја освојат Лигата на шампионите. Во тој случај секој играч на Арсенал ќе добие бонус од 125 000 фунти.

Бонусите за пласман во финалето веќе им се исплатени на играчите.

Слични новости

Антонио Конте и официјално го напушти Наполи

Антонио Конте и официјално го напушти Наполи

Италијанскиот тренер Антонио Конте и официјално го напушти Наполи една година пред истекот на договорот, откако во неодамна завршената сезона не успеа да го одбрани насловот на шампион на Италија.