Семејствата на загинатите од пожарот во дискотеката Пулс бараат дополнителна токсиколошка анализа, откако ИРЛ објави сторија во која се вели дека според обдукциските наоди на жртвите, ниту една од 50-те жртви од пожарот во кочанскиот див ноќен клуб „Пулс“, кај кои како причина за смрт е утврдено задушување со јаглерод моноксид, немале ни приближно фатални нивоа за да умрат од тоа.

„Разликата меѓу јаглерод моноксид (CO) и водороден цијанид (HCN) е клучна за утврдување на вистината за пожарот. CO е чест резултат на горење, но HCN се создава при горење пластика, сунѓери, изолации и синтетика — материјали што ги има во секоја дискотека и кои се исклучително смртоносни. Во обдукциските наоди е наведен CO, додека вештачењата од Градежниот и Машинскиот/Математичкиот факултет утврдуваат присуство на HCN. Ова создава сериозен и оправдан сомнеж дека анализите не се комплетни или дека не се презентирани сите релевантни податоци. HCN директно укажува на опасни и несоодветни материјали во објектот, прекршени стандарди и можни системски пропусти. Тоа е од суштинско значење за утврдување на одговорноста.

Го бараме следното:

• независна дополнителна токсиколошка анализа,

• јавно објаснување зошто HCN не е наведен во обдукциите,

• усогласување и споредба на медицинските наоди со факултетските вештачења.

Ова не е техничко прашање.

Ова не е статистика.

Ова се 63 прекинати животи.

Ова е прашање на точност, професионалност и институционална одговорност“, стои во соопштението од родителите.

Сторијата на ИРЛ вели дека според обдукциските наоди, хемиското и градежното вештачење, како и новата линија на сведоштва на вклучените во настаните ноќта на 16 март годинава покажува дека во воздухот во клубот „Пулс“ гореле токсични материјали како што е полиуретански сунѓер, кој кога гори испушта водороден цијанид. Обвинителите и вештаците по судска медицина го знаеле ова, но за време на истрагата не гo испитале присуствoтo на цијанид.

globe

Слични новости

Панчевски најави кривична пријава за членовите на Советот на обвинители, откако беше дисквалификуван за функцијата Јавен обвинител

Панчевски најави кривична пријава за членовите на Советот на обвинители, откако беше дисквалификуван за функцијата Јавен обвинител

Откако не влезе во трката за Државен јавен обвинител и не доби зелено светло од Советот на јавни обвинители, кандидатот Владимир Панчевски, преку соопштение на Фејсбук напиша дека ќе им поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба на членовите на Советот.

Нино Васев останува во притвор

Нино Васев останува во притвор

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи во случајот „Онкологија 2“, иако беа понудени имотни гаранции од над 350.000 евра.