По поразот од Албанија на стадионот во Лесковац, кој српските медиуми го опишуваат како историски дебакл, селекторот на репрезентацијата на Србија Драган Стојковиќ Пикси поднесе оставка.
Навивачите на стадионот „Дубочица“ синоќа скандираа „Пикси оди си“, откако со овој пораз Србија практично ги загуби шансите за учество на следното Светско првенство во фудбал.
На прес конференцијата тој им порача на новинарите „да не се секираат“ и дека веќе поднел оставка, преземјаќи ја целосно одговорноста за поразот од Албанија за кој рече дека не очекувал дека може да се случи.
ПИкси рече дека била негова одлука важниот квалификациски меч да го почне со двајца дебитанти и дека направил многу грешки, но дека оставил и добри работа во текот на четирите години додека ја водеше српската фудбалска репрезентација.
Пикси четири години ја водеше селекцијата на Србија која со него на клупата играше на Светското првенство во фудбал во 2022 и на Европското фудбалско првенство во 2024.
Слични новости
ФИФА ги објави кандидатите за наградата за најдобрите
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја објави листата на кандидати за најдобар играч, тренер и голман во женската и машката конкуренција за 2025 година
Феникс им го нанесе на Клиперс третиот пораз во серија
Клипер на гостувањето заминаа значително ослабени, бидејќи Џејмс Харден не беше во тимот, поради лични причини, како и повредениот Каваи Леонард
Лига Европа: Четврта победа на Митјиланд
. Во натпреварот од 4. коло, Митјиланд го победи Селтик со 3:1, забележувајќи ја својата четврта победа


