Северна Кореја изврши две пробни лансирања на крстосувачки ракети со долг дострел на море, објавија државните медиуми во понеделникoт.
За време на вежбите во неделата, севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун ги надгледуваше операциите и повика на „неограничен и одржлив“ развој на нуклеарните сили на неговата земја, објави новинската агенција KCNA.
Агенцијата првично известни за едно пробно лансирање, но подоцна информираше дека се лансирани две ракети над Жолтото Море.
Јужнокорејската војска соопшти дека детектирала лансирање на повеќе ракети од регионот Сунан, во близина на Пјонгјанг, објави новинската агенција Yonhap.
Северна Кореја спроведе тест на балистичка ракета на 6 ноември, нешто повеќе од една седмица откако американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше во посета на регионот, изрази интерес за средба со севернокорејскиот лидер. Пјонгјанг досега не одговори на таа понуда.
Трамп, исто така, го одобри планот на Јужна Кореја за изградба на подморница на нуклеарен погон. Аналитичарите веруваат дека планот би можел да предизвика агресивен одговор од Пјонгјанг.
Северна Кореја значително ги интензивираше своите ракетни тестови во последните години. Од неуспехот на самитот за денуклеаризација и олеснување на санкциите меѓу Ким Џонги-ун и Трамп во 2019 година, Северна Кореја постојано се претставуваше како „неповратна“ нуклеарна сила.
Слични новости
Синиша Каран избран за нов претседател на Република Српска
Според прелиминарните резултати на Централната изборна комисија Синиша Каран освоил 50,54 насто од гласовите, а неговиот противкандидат Бранко Блануша 48,09 насто.
Обвинителството во Хаг побара по 45 години затвор за поранешните лидери на ОВК
Главната обвинителка Ким Вест му предложи на судот да ги осуди Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи по сите 10 точки од обвинението, поради нивниот личен придонес во кривичните дела.
Киднапиран венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа
Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако беше ослободен од затвор, објави опозициската лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо.


