Наскоро граѓаните нема ниту да слушнат дека им е отруена водата – следува медиумскиот мрак, пишува во соопштението на СДСМ. Веќе 40 проценти од медиумскиот простор е дел од Орбановата мрежа под контрола на ВМРО.

 Сега влегуваат Евроњуз и Ало групата на Вучиќ. Врз многу од преостанатите независни медиуми се врши силен финансиски и уреднички притисок. Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски.

 Алта банка е финансиската поткрепа на целиот проект. Кога ќе се комплетира оваа мрежа, граѓаните повеќе нема ниту да слушнат дека им е отруена водата за пиење. Нема да слушнат дека црвените светла се запалиле. Нема да слушнат дека никој не превзел одговорност. Тоа е целта, се вели во партиското соопштение.

 

Слични новости

Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија

Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија

Нови 11 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во јули во земјава – покажуваат податоците на Институот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања. Од вкупниот број регистрирани случаи, девет се мажи и две се жени