Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во пресрет на вториот круг од локалните избори во недела – 2 ноември, се пожали на притисоци и заплашувања. Тој на прес-конференција во Скопје рече дека нивни кандидати за градоначалници се соочиле со притисоци, заплашувања и злоупотреба на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
„И за време на периодот во првиот круг и во изминатите две недели сведоци сме на континуирани притисоци и врз нашите кандидати, членовите на тимовите, од страна на полицијата, единиците за брзо распоредување, од службите за социјална работа, од единиците на Управата за јавни приходи. Тоа го детектиравме во буквално сите општини посебно засилено во 17 општини во очи на вториот круг“, рече Филипче.
Според него, карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ е секогаш кога се на власт да го злоупотребуваат државниот апарат и да се обидуваат и да спроведуваат поткуп кај граѓаните. Тој ги повика членовите и граѓаните во општините каде што партијата нема кандидати, да гласаат по сопствено убедување и вредностите.
Слични новости
СДСМ: Не чисти СОЗР, „чисти“ семејната фирма на Томовски
Од државни институции и од општини, водени од ДПМНЕ, семејната фирма на Томовски која го менува името добила: неверојатни 5 милиони и 360 илјади евра или вкупно 161 тендери, порача на партиска конференција за медиумите Александар – Саша – Димитријевиќ, од Централен одбор на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ на партиски конгрес ќе го избира старо-новиот претседател
Во Кавадарци денеска се одржува 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој се очекува да биде реизбран за претседател Христијан Мицкоски – единствениот кандидат за функцијата
Собранието ја донесе Одлуката за прераспределба на 12,5 милијарди денари буџетски средства
Собранието попладнево, со 60 гласа „за“ и девет против, ја донесе Одлуката за прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.


